MKDNews.com

Откриена причината за пропаѓањето на цивилизацијата на Маите

Откриена причината за пропаѓањето на цивилизацијата на Маите
август 06
16:19 2018

Историчарите долго време се сомневаа дека причините за тоа лежат во сушата, но доказите за тие тврдења не беа доволно јасни.

Меѓутоа, современата софистицирана техника, не само што ја потврди таа теорија, туку даде и прилично прецизни мерки за сушата која владеела во тоа време.

Езерото Чичанканаб, на полуостровот Јукатан, се наоѓало доволно блиску до центарот на цивилизацијата на Маите за да може да даде прецизни податоци за климата во тој регион. Кон средината на 90-тите воочени се промени во односот на тешките и лесните изотопи на кислород во школките на дното на езерото, па тие покажале дека во последните години на класичниот период на Маите тие биле релативно суви.

Сепак, мерењата во тој период не можеле да укажат на тоа колку тој период навистина бил сушен во однос на претходните или подоцните периоди.

Дали климатските промени навистина биле толку силни што успеале да ја срушат цивилизацијата која имала најнапреден систем на пишување и била во состојба да изгради величествени градби?

Студијата објавена во магазинот Сајенс дава одговор на тоа прашање и покажува дека климата во Централна Америка во тој период драстично се променила, но се уште не се знае зошто.

Студентот на Универзитетот Кембриџ, Николас Еванс ги измерил изотопите на кислород и водород во молекулите на водата, заробени во наслагите гипс кои биле собрани при дупчењето на дното на езерото.

Еванс и неговите колеги заклучиле дека дошло до намалување на годишните врнежи на дожд од 41 до 54 отсто во внатрешноста на тоа водно подрачје на езерото и тоа во текот на неколку подолги периоди во рок од 400 години.

Влажноста на воздухот опаднала за два до седум отсто, што можеби звучи малку, но тоа имало важно влијание врз испарувањето.

Тоа резултирало со драстични последици по земјоделското производство, а во текот на најекстремните години било и полошо. Малку цивилизации во тој период имале доволно залихи со храна за да преживеат таква суша, па изгледа  градовите на Маите не биле исклучок.

Денеска нивото на врнежи е слично на оној период кога Маите биле најмоќни. Сепак, со систем на земјоделски систем фокусиран на жедни насади, како што е памукот, веројатно не можеле да преживеат со количина на врнежи која за некои други цивилизации била доволна. Постојат докази дека сушите често погаѓале цели подрачја истовремено.

Културата на Маите не изумрела на крајот на развојот на доцната Антика, но тогаш бројот на луѓе и нивната технологија биле значително помали и послаби, а тие самите се преориентирале на постојани извори на вода.

Проучувањето за тоа зошто некоја цивилизација пропаднала ни дава важни насоки за опасностите кои и нас ни се закануваат.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар