MKDNews.com

На Јакимовски му е одземен пасошот како мерка за претпазливост

На Јакимовски му е одземен пасошот како мерка за претпазливост
август 09
07:38 2018

Стевчо Јакимовски остана без пасош и со обврска секој понеделник да се јавува во судот. Нема да се жали на одлуката на скопска единица. Мерките на претпазливост ги побара обвинителството за организран криманл, по кривичната пријава која финансиската полиција ја поднесе против Јакимовски и четворица негови соработници од администрацијата. Се сомничат дека ја злоупотеребиле службената положба и ја оштетиле општинската каса на Карпош за речиси 600 илјади евра. Јакимовски не чуствува вина. .

Сакам да укажам на коректниот однос и на полицијата и на финансовата и на Бирото за јавна безбедност. Исто така сакам да заблагодарам на коректнио однос на судската полиција. Моето мислење е дека немаше потреба од вакви спектакли, ниту сме ја злоупотребиле службената функција, ниту имало криминал, ниту некој нешто украл -рече Стевче Јакимовски, поранешен градоначалник на Карпош.

Ако Јакимовски се заблагодари за, како што ја нарече, институционалната коректност, токму тој се однесуваше некоректно и тоа кон медиумите. На влегување во судот, со полицајци под рака, бесот го истури врз новинарите.

Може ли изјава? О: Идете у пи*ку матер

Вели, нема да се извини.

Спрема одредени луѓе немам намера да се извинувам. Сите оние кои се коректни сакам да ги поздравам за нивната коректност. Спрема оние кои не се професионални немам намера ниту јас да бидам коректен – изјави Стевче Јакимовски, поранешен градоначалник на Карпош.

Јакимовски пред судот го пречекаа дваесетина симпатизери. Ноќта ја помина во полициската станица Пролет, од каде беше донесен во судот. Финансиската полиција го сомничи дека на два пати ја злоупотребил службената положба. Еднаш во 2012 и 2013 година кога спровел две јавни набавки иако знаел дека тетовската фирма Алконпроект нема банкарска гаранција која ја штити општината доколку фирмата не го реазлизира договорот. Јакимовски наместо да го раскине договорт и да ја активира гаранцијата поради ненавремо извршување на работите фирмата почнала да гради без одобрение и без идеен проект. Екс градоначалникот на Карпош во 2016 пак ја злоупотребил позицијата. Компанијата С.М. Компани повторно без потребната банкарска гаранција добила тендер од општината.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар