MKDNews.com

МВР: „Ренџ роверот“ бил во Грција службено, не го управувала ќерката на директорот на БЈБ

МВР: „Ренџ роверот“ бил во Грција службено, не го управувала ќерката на директорот на БЈБ
август 06
16:11 2018

Џипот „Ренџ ровер дискавери спорт“ на втори август бил во Грција, го возел вработен во одделот за заштитата на определени личности и објекти и возилото било управувано со соодвeтен службен налог, се вели во кусото соопштение на МВР откако одделот за внатрешна контрола доби наредба да изврши проверка каде бил и кој го возел џипот.

Возилото било вратено во Македонија истиот ден  и не е точно дека го управувало неовластено лице, ниту член на семејството на директорот на бирото за јавна безбедност, продолжува во објаснувањето во соопштението, но притоа не се објаснува дали имало и други патници во џипот.

Соопштението беше објавено по скандалот по порталите дека наводно ќерката на директорот на јавна безбедност со уште три другарки во кампот „Евридики биле со службеното возило на МВР.

Фотографиите и видеото беа објавени на порталот „Нет прес“ и остави дилема како некој што е таму гостин од Македонија во истиот момент го препознал џипот дека е во сопственост на МВР и истовремено знаел дека ќе се упати во кампот „Евридки“.

МВР ниту, негираше ниту потврди дека ќерката на Лазо Велковски била патник во џипот и поради која причина службеното возило било во Грција на еден ден.

Од објавеното видео не може да се види дали колку луѓе има во џипот, бидејќи задните стакла од елегантното возило беа покриено со ќеси од маректот „Лидл“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар