MKDNews.com

Каракамишева: Со вас ни тикви не се садат камоли влада да се дели

Каракамишева: Со вас ни тикви не се садат камоли влада да се дели
август 04
22:04 2018

Универзитетската професорка Тања Каракамишева, која сега има и партиска функција – претседателка на комисијата за политички системи на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи на социјалните мрежи откако вчера премиерот Зоран Заев обелодени дека му понудил на Христијан Мицкоски влез во владата, да го поделат мандатот и заедно да работат до полноправното членство во НАТО, но оти тој одбил.

„Со тебе у Влада?Ни на сон човеку! Многу брзо ќе си понесете индивидуална и топтан колективна одговорност пред Македонскиот народ и реформираниот суд за ујдурмава и ќе заминете засекогаш!Со вас ни тикви не се садат камоли Влада да се дели!Пу пу скраја да е!“, напиша Каракамишева.

Заев кажа дека опозицијата го одбила предлогот, но останала цврсто на барањето за амнестија.

Каракамишева, инаку беше придружничка на Мицкоски на трите лидерски средби кои се одржаа во Клубот на пратеници во Скопје.

Tanja Karakamisheva@TKarakamisheva

Со тебе у Влада?Ни на сон човеку! Многу брзо ќе си понесете индивидуална и топтан колективна одговорност пред Македонскиот народ и реформираниот суд за ујдурмава и ќе заминете засекогаш!Со вас ни тикви не се садат камоли Влада да се дели!Пу пу скраја да е! https://1tv.mk/makedonija/заев-на-мицкоски-му-понудив-да-го-делим/ 

Заев: На Мицкоски му понудив да го делиме мандатот и да влезат во Владата, но не прифати

Премиерот Заев во Отворено студио на 1ТВ откри детали кои до сега не беа објавени во јавноста за тоа што се дискутирало на лидерските средби. Ексклузивно за 1ТВ, прем

1tv.mk

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар