MKDNews.com

Заев:Република Македонија има посебно место на Самитот во Лондон како земја лидер во регионот

Заев:Република Македонија има посебно место на Самитот во Лондон како земја лидер во регионот
јули 11
06:21 2018

Премиерот Зоран Заев за Самитот ЕУ- Западен Балкан 2018 изјави дека Република Македонија има посебно место на Самитот во Лондон како земја лидер во регионот од аспект на надворешната политика и билатералните прашања.

Зоран Заев во оценката за учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан истакна дека се работи за респектибилен собир кој оваа година беше посветен на Регионалната економската соработка како суштински дел од интегративните процеси на Европската унија, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите, тема на коа е целосно фокусирана Европската Унија, а со тоа и сите останати европски земји.

„Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место на ова издание на Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Со постигнатиот договор македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство со Грција, како и со датумот за преговори со Европската Унија, нашата земја е препознаена како лидер во регионот од аспект на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото. Начинот на кој нашата земја ги затвори отворените прашања со сите соседи е модел за успешна приказна што ја поздрави целиот демократски свет, и посебно нашите соседи и нашите партнери во Европската Унија“, изјави премиерот Заев по повод учеството на нашата земја на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон.

Премиерот Заев нагласи дека на овој самит дојде до израз уште еднаш определбата на сите земји во регионот да споделуваат европски ставови и вредности во однос на заедничко поврзување и соработка.

„Се договоривме дека нема да го пропуштиме моментот да учествуваме сите заедно во посилна Европа на политички, на економски и на безбедносен план. Владата на Република Македонија е фокусирана да обезбеди и да гарантира стабилна и мотивирачка средина и да биде кредибилен партнер за бизнис иницијативите што се отвораат на овие средби. Нашите следни чекори се насочени кон постигнување на ЕУ стандардите за регионална соработка и за економските политики, соодветно на големиот потенцијал на единствениот пазар на ЕУ. Еден од елемените за мотивирачка средина за бизнис иницијативите е и поканата Република Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО што ја очекуваме за ден-два во Брисел“, потенцираше Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, во изјавата за учеството на владината делегација на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон, се наведува во соопштението од Владата. .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com