MKDNews.com

Шваjцарија размислува за репрезентација без двојни државјанства

Шваjцарија размислува за репрезентација без двојни државјанства
јули 06
21:00 2018

Во фудбалската федерација на Швајцарија сериозно размислуваат да не ги повикуваат повеќе во националниот тим фудбалерите кои имаат потекло од други држави, а тоа го потврди и генералниот секретар Алекс Мајшер.

Челникот на тамошниот фудбал ги критикуваше Гранит Џака и Џердан Шаќири поради прославите на нивните голови против Србија на Мундијалот во Русија и ги повика политичарите да размислат за укинување на двојните државјанства.

„За мене, лично, нивниот гест беше политичка провокација, но секкао дека не беше ни бистра одлука. Беше тоа емоционална реакција поврзана со семејната историја. За тоа им верувам, но ја искомплицираа работата беспотребно“, изјави Мајшер.

„Овој инцидент покажува дека постои одреден проблем во репрезентацијата на Швајцарија и мораме да го решиме под итно. Двојните државјанства создаваат проблем во сите сфери на швајцарското друштво, не само во фудбалот. Постојат социјални разлики и се прашувам дали Швајцарија може да постави некакви граници? Да претпоставиме дека нашата селекција ќе игра на следното СП каде ќе бидат и Босна, Хрватска, Албанија, како и некои африкански земји. Голем број од нив веќе ги направивме играчи за сите овие години и со тоа мора да се престане“, порача Мајшер.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар