MKDNews.com

Се самоуби синот на Тина Тарнер

Се самоуби синот на Тина Тарнер
јули 04
19:27 2018

Неговото тело е најдено во станот во Студио сити во Калифорнија. Тина имала само 18 години кога го родила својот син Рејмонд со саксафонистот Рејмонд Хил . Откако се венчала со Ајк Тарнер , во 1962 година го посвоиле синот Крејг. Злоставувањето што со години го трпеше од Ајк , како што вели Тина , го одбележа растењето на Крејг.

,, Тој беше емотивно дете и секогаш ќе го наведнеше главчето. Беше тажен . Се сеќавам кога Ајк ме тепаше , Крејг чукаше на врата и прашуваше дали сум добро. Тогаш го замолив Ајк да не ме тепа вече дома за да не слушаат децата “ , раскажуваше Тина Тарнер во шоуто на Опра Винфри во 2005 година. Таа во интервјуто раскажа дека во 1968 абортирала дете на Ајк , зашто дознала дека една од танчерките во групата во исто време е бремена од него.  

Во 2013 Тина се одрече од американско државјанство и со сопругот Ервин Бах живеат во Европа. Веста за смртта на синот ја затекна во Берлин , каде присуствуваше на Модната недела.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести