MKDNews.com

НАСА објави нови снимки: Американците сепак слетале на Месечината?

НАСА објави нови снимки: Американците сепак слетале на Месечината?
јули 28
07:50 2018

Поминаа 49 години од едно од најголемите достигнувања на човештвото, слетувањето на Аполо 11 на Месечината, а американската вселенска агенција сега објави цели 19.000 часа аудио записи снимени во текот на траењето на мисијата.

Целиот свет преку малите екрани сведочеше на моментот кога астронаутот Нил Армстрон зачекори на Месечината, задржувајќи го својот здив кога Нил изговори: Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото.

И додека снимките од слетувањето на Месечината и понатаму го предизвикуваат вниманието на јавноста, како и различните теории, истражувачите од Универзитетот Тексас во Далас сега ги објавија и илјадниците аудио записи снимени во текот на мисијата која траела осум дена и три часа.

Снимките кои неодамна биле “под клуч“, односно во специјално климатски контролирани трезори, откриваат отворени разговори меѓу астронаутите на Аполо 11 и контролната мисија во Хјустон.

Аполо 11 е лансиран на 16 јули 1969 година со тричлен екипаж кој го сочинуваа Нил Армстронг, Едвин (Баз) Олдрин и Мајкл Колинс, а на 24 јули леталото успешно слета во водите на Тихиот океан.

Се досега, снимките “од зад сцената“ и разговорите за техничките проблеми се држеа во тајност.

Повеќе од 19.000 часови во кои е забележаната целокупната мисија се достапни на јавноста, а можете да ги слушнете ОВДЕ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар