MKDNews.com

Најмалку 74 загинати, 187 повредени! Расте црниот биланс во пожарите во Грција

Најмалку 74 загинати, 187 повредени!  Расте црниот биланс во пожарите во Грција
јули 24
19:47 2018

Огнот не стивнува,  додека преплашените туристи и локални жители избезумено се евакуираат од опожарените области во кои досега животот го загубија најмалку 74 луѓе, а над 187 се повредени.

Грчките власти стравуваат дека црниот биланс ќе биде многу поголем.

Спасувачите со хеликоптери и дронови од утринава пронаоѓаат нови жртви на улиците, во автомобилите, домовите. Најголемиот ужас пожарникарите ги дочекал во селото Мати , на само 15 метри од морето.

Во двор на таверна тие пронашле 26 јагленосани тела на мажи, жени и деца , прегрнати во неколку групи. Според грчките медиуми, во една од куќите биле најдени изгорени тела на баба, мајка и две девојчиња кои наводно се стари пет и шест години, додека во истото место, во автомобил кој е целосно опожарен, најдени се изгорените тела на нивните родители.

Поради стравот од огнената земја многумина спасот го побарале спасот во морето, но дел од нив се удавиле или се задушиле од чадот.

„Ни ги гореше грбовите и нурнавме во водата. Си реков – боже, мораме да бегаме да се спасиме“, раскажува преживеан жител.

Во источните и западните делови на поширокото подрачје на Атина е прогласена вонредна состојба. Од шест часот вчера, до шест часот утринава во Грција биле регистрирани дури 47 пожари.

Тамошните власти стравуваат дека пламенот е подметнат, заради обезвреднување на земјиштето и негова пренамена за туризам.

Грција вчера побара меѓународна помош, преку механизмот на ЕУ. Позитивно одговориле Шпанија и Кипар, а помош ќе добие и од САД.  Помош за справување со пожарите во Грција понуди и македонската Влада. Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека се подготвени со сите свои ресурси да помогнат.

Од македонското МНР соопштија дека досега немаат барања за помош од македонски граѓани за пожарите во Грција и им препорачуваат  на државјаните на Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар