MKDNews.com

Минута молк за Никола Саздовски- со солзи во очи се палеа свеќи на протестот за Саздо

Минута молк за Никола Саздовски- со солзи во очи се палеа свеќи на протестот за Саздо
јули 11
06:27 2018

Мирен протест се одржа  пред Собранието на Република Македонија за прерано починатиот Никола Саздовски- Саздо.

Протестот беше организиран преку иницијатива на социјалната мрежа Фејсбук „Минута молк за Никола Саздовски“.

Присутните пред фотографија од починатото момче поставена на троатарот пред Собранието, палеа свеќи. Собирот се одржа без пароли, без извици, а на него присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се појави во дрес на Вардар и запали свеќа во чест на Саздо. Меѓу присутните на собирот беше и Солза Грчева, лидерка на партијата „Глас за Македонија“.

На групата млади им се приклучија и случајни минувачи и граѓаните што со денови ја блокираат улицата пред Собранието, протестирајќи против промената на името.

Дваесет и едногодишниот Никола Саздовски  беше погребан на гробиштата во селото Ракотинци.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар