MKDNews.com

Mакедонија очекува сигурна покана за НАТО, а Алијансата ќе го повтори условот

Mакедонија очекува сигурна покана за НАТО, а Алијансата ќе го повтори условот
јули 10
06:39 2018

Иако во сите јавни настапи премиерот и властите создадоа слика како поканата за влез во НАТО да е чиста безусловна и сигурна, денеска всушност го признаваат спротивното.

Го потврдија она што денеска е објавено во грчките медиуми: поканата за Македонија е условена со целосна ратификација односно имплементација на преспанскиот договор. Македонија во среда ќе добие покана, а во НАТО декларацијата за нас, во два члена ќе пишува оти приклучувањето ќе е условено со завршување на македонските домашни работи: прво ратификацијата која уште не е готова, односно договорот со Грција го нема во Службен весник, па референдумот и промената на Уставот. Ова прво го објавија грчките медиуми користејќи ја како извор нацрт верзијата на декларацијата, а за македонските новинари го потврдија министерката Шеќеринска и НАТО- координаторот Стево Пендаровски.

Министерката говореше прилично сигурно, не споменувајќи што ќе се случи ако ратификацијата не успее а со тоа и следните домашни задачи за Македонија. На прашање на Алфа има ли владата план Б за членството во НАТО, оти може да се очекува блокада од Грција ако не ги исполниме условите од договорот, Шеќеринска со одговор:

-Имаме шанса да ја поправиме грешката, но тоа не значи дека нема шанси да направиме нови грешки. Сакаме да направиме се за да нема одложување на пристапувањето кон НАТО. Ја повикувам опозицијата и сите политички фактори да не се блокира процесот, оти одговорноста ќе биде историска. Сепак крајниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум, рече Шеќеринска на денешниот брифинг.

Посочувањето на опозицијата, за ВМРО ДПМНЕ е префрлање на топката како резултат на слабоста на власта да се соочи со незадоволството кај граѓаните заради капитулантскиот договор, додека „премиерот молчи кога Атина му замерува што армијата ја нарекува „македонска“„, велат од партијата.

Пендаровски пак ги објасни фазите на пристапување после поканата, што ќе стигне и писмено. На ова владата ќе треба исто писмено да му одговори на НАТО образложувајќи ги намерите што ќе ги реализира, а за кои ќе ја известува Алијансата квартално. Пристапувањето ќе е полноправно, кога ќе биде ратификувано од сите 29 земји членки. Македонија ќе добие иста формулација за покана на 11ти јули, како Албанија и Хрватска на самитот во Букурешт во 2008 година.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести