MKDNews.com

Франција светски шампион

Франција светски шампион
јули 16
07:52 2018

Во спектакуларното финале пред 78.000 гледачи на легендарниот „Лужники“ видовме шест гола, автогол, ВАР технологија, неколку спорни моменти и одличен фудбал.

На крајот, по 90 и кусур минути игра „Галските петли“ во своето второ финале по 1998-ма, по вторпат станаа светски прваци.

Од друга страна, Хрватска застана на чекор од остварување на неверојатниот сон, но успеа да направи најголем успех во својата историја. Ако во 1998 беа трети, овојпат се втори на свет што е нестварен успех за „коцкестите“ кои прикажаа најубав фудбал на целиот Мундијал.

Иако Хрватите одлично влегоа во мечот и од стартот имаа контрола на топката, создадоа неколку добри прилики, Французите како речиси на секој меч на ова Светско чекаа своја шанса и по 18’ минути игра ја дочекаа.

Од еден слободен удар од косо Гризман центрираше а Манџукиќ во обид да ја избие во корнер си даде автогол за големо славје на Французите:

Но Хрватите не се предадоа и брзо возвратија. Точно 10 минути по примениот гол, по една одбиена топка во францускиот шеснаесетник Иван Перишиќ маестрално го измести својот чувар и распали со лева за 1-1:

Избраниците на Златко Далиќ и по израмнувањето, тргнаа да бараат нов гол но во 39’ минута при нивна офанзива, Французите се изборија за контра напад и корнер. Нафрлената топка го удри Иван Перишиќ во рака и судијата Питана од Аргентина, по консултација со ВАР снимката покажа на белата точка.

Хрватите протестираа, но Гризман беше ладнокрвен за 2-1 за Франција, резултат со кој се отиде на полувремето:

Во вториот дел со постојани напади по десното крило и спорадични центаршути од левата страна „Ватрените“ се трудеа да израмнат но во 59’ минута Пол Погба по една одбиена топка, со лева пласираше во аголот на Субашиќ за 3-1 и тоа како да беше најава за крајот на сонот на Хрватска:

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар