MKDNews.com

Франција оди во полуфинале

Франција оди во полуфинале
јули 06
19:25 2018

Репрезентацијата на Франција ја победи екипата на Уругвај со 2:0 во мечот што се одигра попладневно во рамки на четвртфиналето од Светското првенство во фудбал што се одржува во Русија.

Рафаел Варан во 40. и Антоан Гризман во 61. минута беа стрелците на двата гола за Франција.

Мечот се играше во Нижни Новгород, а главен судија беше Нестор Питана од Аргентина.

Вечерва од 2o часот се игра вториот натпревар од четвртфиналето меѓу Бразил и Белгија, а утре на распоред се четвртфиналните натпревари меѓу Шведска и Англија и Русија и Хрватска.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести