MKDNews.com

Наместо пластичен хирург, млеко и јаболка маска за цврсти гради

Наместо пластичен хирург, млеко и јаболка маска за цврсти гради
јуни 22
22:27 2018

Редовната хидратација на кожата е многу важна, а рутината за нега на кожата треба да ја надополните и со маски кои ќе ја потхрануваат кожата на градите и ќе ја направат цврста, мека и нежна.

За да бидат цврсти и убави, на градите им е потребна правилна нега. Кожата на градите е многу чувствутелна, подложна на оштетување и предвремена појава на брчки, За да остане затегната, важно е интензивно да ја негувате.

Маска за освежување

Излупете портокал и смелете го во блендер. Изјатете една белка, измешајте ја со портокалот, па смесата нанесете ја на вратот, деколтето и рамената. Оставете да делува 15 минути и измијте се со млака вода.

Хидратантна маска

Испасирајте нелупена краставица во блендер за да доиете каша. Нанесете ја кашата на градите. Оставете да делува 15 минути и измијте се со млака вода.

Маска за зацврстување

За оваа меска ви се потребни две јаболка или сок од јаболка и литар млеко. Исечкајте ги јаболката на ситни парчиња, додадете го млекото и варете додека не добиете мазна смеса. Кога ќе се излади, маската рамномерно нанесете ја на градите. Оставете да делува 15 минути и измијте се прво со топла вода, а потоа со студена. Со наизменично туширање ќе го засилите ефектот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар