MKDNews.com

Германската влада му одобри на Ауди да тестира летечки автомибили

Германската влада му одобри на Ауди да тестира летечки автомибили
јуни 26
06:23 2018

Германската влада на Ауди му дозволи да тестира модел на летечко такси возило во воздушниот простор над градот Инголштат.

Ауди заедно со Аибрус веќе го претставија концептот на летечко такси ,,Pop Up Next” , со две седишта кој користи систем на потисок сличен како кај дроновите. Доколку тестовите с епокажат за успешни , тоа ќе биде револуционерно откритие , што ќе го олесни сообраќајот во големите пренатрупани градови.

,,Летечкото такси не е веќе визија , може да не однесе во нова димензија на движењето. Тоа е огромна прилика за компаниите и за младите стартапови кои веќе успешно и конкурентно ја развиваат оваа тегхнологија”, изјави германскиот министер за сообраќај , Андреас Шојер.

Концептот на летечко такси го движат четири модула со по осум пропелери, а секоја елиса ја движи електромотор од 20 кW (27ks) , кои се напојуваат од  батерија од 70 kW.

Ауди не е единствена компанија која ја развива новата технологија. Дајмлер заедно со компанијата Интеркорп направи електричен хеликоптер наречен ,,Велокоптер”.

И кинескиот сопственик на Волво откупи компанија во САД која развива модел на летечки автомобил.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com