MKDNews.com

Ердоган: Турската Армија започна операција против ПКК во северен Ирак

Ердоган: Турската Армија започна операција против ПКК во северен Ирак
јуни 11
18:49 2018

Турската Армија започна воена операција против силите на Курдската работничка партија (ПКК) во реоноте на Кандил и Синџар во северен Ирак, соопшти денеска претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Говорејќи на митинг во градот Нигде во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 јуни, Ердоган нагласи дека околу 20 авиони на турското Воено воздухопловство уништиле 14 објекти на „терористичката организација ПКК“.

– Наша цел е да ја исушиме калта на терористите. Нашите воени единици продолжуваат да напредуваат во северен Ирак, нагласи Ердоган.

Тој ги искористи операциите на турската Армија во сирискиот град Африн и во северен Ирак за да ги критикува главните противкандидати на изборите, лидерот на опозициската Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу и претседателскиот кандидарт на оваа партија Мухарем Инџе,

– Господин Кемал ни викаше не влегувајте во Африн. Мухарем Инџе се противеше велејќи каква работа имате во Африн, Но, ние не го послушавме ниту едниот, ниту другиот, бидејќи со ставови како нивните не може да се води една држава, истакна Ердоган.

Турскиот претседател истакна дека сите оние што ја напаѓаат Турција „ќе си го добијат тоа што го заслужуваат“.

– Теористите ќе платат за пролеаната крв на наште херои маченици. Досега само во Африн уништивме над 4.500 терористи. Сега започнавме операција во Кандил и Синџар. Тоа го ветивме и сега го исполнуваме, истакна Еродган во обраќањето.

Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Кон крајот на март турските сили презедоа контрола врз градот и од ренот ги протераа курдските сили.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на ПКК, која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар