MKDNews.com

Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата

Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата
мај 14
06:52 2018

Ракометарките на Вардар и во петтиот обид на завршниот турнир во Лигата на шампионите, не успеа да ја освојат титулата. Избраничките на тренерот Ирина Дибирова, во финалето на Ф4 турнирот во Будимпшта, во идентичен натпревар како и минатат година по продолжение загуби од Ѓер со 26:27 (во регуларниот дел мечот заврши 20:20).

Вардарки одиграа тешко прво полувреме во кое, во 17 – минута ја имаа нјголемата негатива од три гола 4:7. Но, потоа Ѓер десет минути не постигна гол, а тоа одлично го искористија „црвено – црните“, кои со серија од 4:0 успеаја да го преземат водството 8:7 во 25. минута. Меѓутоа, во наредните пет минути Вардар постигна само еден, а Унгарките два гола за на полувремето да се замине во егал – 9:9.

Второто плувреме донесе многу поголми возбудувања на двете страни. Вардарки во првиот дел од второт полувреме го контролираа резултатот имаа преност и од два гола 13:11, но Ѓер се врати и успеа да израмни 13:13 во 44. минута. Од овој момент па се до крајот на натпрварот се играше гол за гол, а „црвено – црните“ преку Лекиќ во последната минута успеаја да поведат со 20:19, но не и да се одбранат. Аморим – Талеска постигна гол за израмнување во финишот на 20:20, а згора на тоа Унгарките успеаја да се одбранат во последните девет секунди и мечот отиде во продолжение.

Во двете продолженија од по пет минути се играше многу цврсто и на двете страни, Ѓер направи предност и од три гола на стартот од второт продолжение 23:26. Но, Вардар се врати во игра имаше и напад за израмнување, Лекиќ асистираше до Чанаџија чиј удар го одбрани голмаката Киш за конечни 26:27 и одбрана на шампионската титула.

Грот со осум и Аморим со шест гола беа најефикасни во тимот на Ѓер, а кај ЖРК Вардар блесна Лејно со 18 одбрани, а најефикасни беа Лекиќ со шест и Радичевиќ со четири гола.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар