Пејачката Александра Пријовиќ ја ангажирала Ана Антиќ, ќерката на познатиот фудбалски селектро Радомир Антиќ, кој ги облекува и советува големите светски имиња како што Адријана Лима и актерката Сијена Милер, за да и помогне во изборот на фустанот за венчавката.

Со оглед дека Александар ништо не остава на случајност, решила неколку месеци однапред  да ја подготви венчаницата, а инспирацијата ја пронашла в фустанот кој го носела Миранда Кер , манекенка и ангелот на Викторија сикрет, и тоа од познатиот бренд „Диор“.

Таа замислила венчаницата да биде ефектна, а со оглед дека и нејзината идна свелрва Лепа Брена носеше венчаница од престижниот дизајнер Кристијан Диор на нејзината венчавка, Пријовиќ решила да ја продолжи традицијата.

Пејачката и нејзиниот иден сопруг искеширале дури 5000 евра за златни бурми, кои се направени специјално по нивна нарачка. Накитот кој идните младоженци ќе го стават еден на друг на рака на 21 јуни е изработен по вкусот на Александра, со издробени брилијантни.

Кумовите на венчавката која со нетрпение се очекува ќе бидат пејачот Аца Пејовиќ и кошаркарот Милош Теодосиќ.