MKDNews.com

Шварценегер го повика Трамп да се приклучи во борбата за „зелена енергија“

Шварценегер го повика Трамп да се приклучи во борбата за „зелена енергија“
мај 15
20:05 2018

Арнолд Шварценегер го повика претседателот на САД Доналд Трамп да се приклучи во борбата за еколошката т.н. зелена енергија, нагласувајќи дека на таков начин „ќе извојува многу победи”.

Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Калифорнија присуствува на меѓународен форум во Австрија, кој е дел од иницијативата Р-20 на Шварценегер околу климатските промени. Тој му опонира на Трамп, кој лани ја повлече својата земја од Парискиот договор за климатските промени.

– До оние кои се спротивставуваат, зашто не можат да замислат успех без ископување горива: Ве молиме да ни се приклучите. Сите! И вие исто така, претседателе Трамп, придружете ни се, нагласи Шварценегер.

Американецот со австриско потекло додава дека „доколку сака Американците да не се изморат од неговите победи“, Трамп ќе мора да се придружи кон оваа иницијатива.

Извор: www.nytimes.com 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com