MKDNews.com

Премиерот Зоран Заев се ослободува од обвинението за случајот “Поткуп”

Премиерот Зоран Заев се ослободува од обвинението за случајот “Поткуп”
мај 21
20:07 2018

Jавниот обвинител не докажал дека Заев барал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов.

Судијата Тодоровски пред изрекувањето на пресудата читаше некоколку сегменти од воведните говори и рече дека со преквалификувањето на обвинението,  Судот од списите на предметот ги извадил видео снимките и прислушуваните разговори затоа што за делото за кое се товари Заев не се предвидени посебни истражни мерки.

По завршувањето на рочиштето, премиерот Заев рече дека се чувствува среќен, но и дека очекувал ослободителна пресуда.

Заев побара од институциите јавно да ја објават целата снимка која со три прекини беше прикачена на Јутјуб , а беше снимена во кабинетот на градоначалникот на Струмица.

Овој случај траеше речиси две ипол години. Обвинението за предметот беше променето на завршните зборови, кога обвинителката Валентина Бислимовска рече дека Заев не примил мито, туку само барал пари од Николов.

Пред неколку дена Заев информираше дека неговите адвокати веќе поднеле кривични пријави против обвинителите кои издале наредба за негово следење.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Следете не

  • Следете не на google +
  • Посетете го нашиот YouTube канал

Барај Вести