MKDNews.com

Победник на евровизискиот натпревар е Израелката Нета со песната ,,Тоy“

Победник на евровизискиот натпревар е Израелката Нета со песната ,,Тоy“
мај 14
06:33 2018

Нета Барзилај од Израел  и песната „Toy”, е овогодинешната победничка на 63-то издание на евровизискиот спектакл кој уште долго ќе биде предмет на анализи за стајлинзите на учесниците, песните, перформансите на сцена, организацијата на Португалците.

Македонија на Нета и додели еден глас.

Но, она по што ќе остане запаметено ова издание на Евровизија  и  нешто со кое за прв пат воопшто се соочува овој единствен и најголем меѓународен музички натпревар, секако е пропустот на обезбедувањето, па на сцената додека траеше изведбата на британската пејачка Сури, се појави маж кој и го оттргна микрофонот од рака.

Сторителот на инцидентот веќе бил во притвор. Себеси се декларирал како Албанец кој е Британец и кој се бори за слободата на говорот и за слободно новинарство.

Тој е приведен и се наоѓа во притвор а богами и го искусил гневот на обезбедувањето додека го спроведувале надвор од салата каде се одржуваше Евровизијата во португалската метропола Лисабон.

На британската пејачка и е овозможено уште еднаш да ја изведе песната „Сторм“ но, таа одбила горда што и покрај инцидентот имала одличен настап.

Македонија и оваа година не се пласира во финалето за песна на Евровизија. А, таму не претставуваше групата ,,Ај Кју“

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com