MKDNews.com

Ники Хејли: Израел покажа „воздржаност“ при протестите во Газа

Ники Хејли: Израел покажа „воздржаност“ при протестите во Газа
мај 15
23:02 2018

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли оцени дека израелските сили покажале „воздржаност“ при реакцијата за време на вчерашните масовни протести долж границата меѓу Израел и Појасот Газа, при што загинаа околу 60 Палестинци.

– Кој од нас би прифатил вакви активности на својата граница? Никој. Ниту една земја не би дејствувала со поголема воздржаност отколку што дејствуваше Израел, изјави денеска Хејли во обраќањето на итната седница на Советот за безбедност на ОН псоветена на вчерашните случување на границата меѓу Појасот Газа и Израел.

На критиките дека отворањето на Американската амбасада во Ерусалим придонело за ескалација на тензиите, Хејли одговори дека таа церемонија на никаков начин не ги поткопала шансите за мир на Блискиот Исток.

– Оние што сугерираат дека насилството во Газа има врска со локацијата на Американската амбасада, многу грешат. Насилството доаѓа од оние кои го отфрлаат постоењето на Државата Израел на која било локација, додаде Хејли.

Како што јави ДПА, вчерашните протестите организирани поради преместувањето на Американска амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим и во знак на одбележување на палестинскиот „Ден на катастрофата“, односно денот на формирањето на Израел, резултураа со најкрвавите судири во Газа од 2014 година.

Според проценките на израелската армија во протестите на десетина локации долж граничната ограда меѓу Израел и Појасот газа учествувале над 40.000 Палестинци. Армијата соопшти дека нејзините војници ги следеле „стандардните оперативни процедури“ за да ги спречат Палестинците кои се обиделе да ја пробијат гранична ограда.

Пратеник на ОН за мир на Блискиот Исток, Николај Младенов пак оцени дека „нема оправдување“ за израелскиот одговор и вчерашниот ден го нарече „ден на трагедија“.

Тој водено ја повика меѓународната заедница да се воздржи од преземање еднострани активности, кои „би ги оддалечиле Израел и Палестина од мировниот процес“.

Најмалку 55 Палестинци убиени на границата меѓу Газа и Израел

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар