MKDNews.com

Гугл значително ги намалува цените за своите „облачни“ пакети

Гугл значително ги намалува цените за своите „облачни“ пакети
мај 16
21:39 2018

Гугл објавува нови промени во своите пакети за складирање, кои вклучуваат нови, нискотарифен ценовен план и половина од цената за 2TБ облачен простор. Компанијата, исто така, ги менува пакетите на Гугл Драјв во Гугл Уан, можеби делумно, бидејќи сега ќе имате пристап со еден допир до услугата за корисници на Гугл.

Гугл Уан ќе добие нова месечна опција за 2.99 долари, која ќе ви донесе 200ГБ. Планот за 2ТБ, кој обично чини 19.99 долари месечно, сега ќе чини 9.99 долари месечно. Конечно, планот 1ТБ, кој во принцип чини 9.99 долари месечно, е отстранет. Други планови за 10. 20 или 30ТБ нема да бидат предмет на какви било промени.

Гугл ќе ги направи пакетите достапни и во рамките на семејството со до пет членови и ќе им овозможи на корисниците да добијат поддршка со разговор во живо дури и ако сте на најевтиниот план од 1.99 долари месечно за 100 ГБ.

Ако сакате да го користите Гугл Уан без да плаќате воопшто, компанијата се уште ќе нуди 15 GB слободен простор на Драјв. Надградба ќе пристигне прво на корисници кои веќе плаќаат за дополнителен облачен простор во Гугл Драјв, и ако сте меѓу нив, можете да очекувате наскоро да добиете мејл, кој ја потврдува промената.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com