MKDNews.com

Едмунд му нанесе уште еден пораз на Ѓоковиќ

Едмунд му нанесе уште еден пораз на Ѓоковиќ
мај 09
21:02 2018

фудбалските ѕвезди Роналдо и Лука Модриќ на трибините не му донесоа среќа на Новак Ѓоковиќ на Мадрид опен, откако Кајл Едмунд ги искористи сите грешки на Србинот за 6:3/2:6/6:3 победа во второто коло.

Едмунд остана смирен во клучните поени во вториот сет, и направи клучен брејк за 5:3 водство во последниот сет, за да стигне до најголемата победа во својата кариера и да ја комплетира одличната пролет за него, откако во Казабланка го играше своето прво АТП финале и загуби од Пабло Андухар.

За Ѓоковиќ, ова е уште еден во низата фрустрирачки порази пред Францускиот опен, каде што со ваква игра тешко дека ќе биде еден од фаворитите. Тој во првото коло го мина Кеи Нишикори, уште еден тенисер кој се враќаше на терените по долга пауза поради повреда, но сега му останува уште Италија опен во Рим како подготовка за Ролан Гарос.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com