MKDNews.com

Босански Срби испекле 12 јагниња среде парк во Берлин! Германците шокирани!

Босански Срби испекле 12 јагниња среде парк во Берлин! Германците шокирани!
мај 08
20:00 2018

Босански Срби испекле 12 јагниња среде парк во Берлин, а ражните, како што објави полицијата, биле приклучени на акумулатори од автомобилите.

– Никој не сакаше да преземе одговорност – изјавила полицијата, која ги повикала пожарникарите поради жарот на земјата.

– Скоро 150 луѓе лежеа на ливадата, децата трчаа околу врелиот жар на тревата. Дванаесет јагниња се вртеа на ражни, кои беа придвижувани од батерија од акумулаторот. Кога ги прашавме што прават – кажаа дека слават Велигден, како и секоја година- објави германската полиција на Фејсбук.

Од полицијата додале дека печењето на ражен во тој парк е дозволено, но не и начинот на кој тоа го направиле главните актери на оваа приказна со помош на акумулатори, бидејќи со неодговорното однесување ризикувале да предизвикаат пожар.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com