Во пишана изјава за МИА посочил дека одлуката ја донел поради реакциите во јавноста како и рокот за избор на нов гувернер.

Од кабинетот на Иванов експресно, со нов предлог. Анита Ангеловска Бежовска, актуелен вицегувернер во НБРМ е новиот предлог на Иванов. Откако Богов писмено го известил претседателот дека се повлекува од кандидатурата, претседателот предлогот го доставил до Собранието.

Според Иванов, Анита Ангеловска- Бежовска е решение за гувернерската позиција, поради нејзината професионалност.

Таа осум години на функцијата вицегувернер, задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика.

Мандатот на Богов како гувернер завршува на 20 мај, а на 21 на собраниска седница, според собраниски извори, ќе биде ставена точка на дневен ред за избор на нов гувернер.