MKDNews.com

Замрзнат имотот на рок ѕвезда- ги исклучил родените деца од тестаментот

Замрзнат имотот на рок ѕвезда- ги исклучил родените деца од тестаментот
април 13
20:16 2018

Судот во Франција го замрзна имотот на починатата рок ѕвезда Џони Холидеј додека не се реши проблемот со наследството.

Пејачот почина во декември минатата година на 74 годишна возраст  и целото богатство ,проценето на над 100 милиони евра им го остави на својата четврта жена летиција и на двете посвоени малолетни ќерки , Џејд и Џој. Но неговите родени деца, 51 годишниот пејач Дејвид Холидеј и 34 годишната актерка Лора Смет , се повикуваат на францускиот закон по кој децата не смеат да се исклучат од наследството.

Рок ѕвездата , кој со години живеел во Калифорнија , поради даночни проблеми , го составил тестаментот во САД во 2014, каде нема такви забрани.Сега францускиот суд треба да одлучи дали Холидеј е француски или американски државјанин. Меѓу имотот што ќе го наследи неговата четврта сопруга и малолетните девојчиња се замок во Швајцарија, имот на Карибите и во Калифорнија.

Холидеј за време на својата речиси 60 годишна кариера продаде над 100 милиони албуми и важеше за голема ѕвезда во Франција.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com