MKDNews.com

Заев: Никогаш не сме биле поблиску од решавање на спорот за името

Заев: Никогаш не сме биле поблиску од решавање на спорот за името
април 14
07:59 2018

Македонија и Грција никогаш не биле поблиску до решение за спорот со името. Во игра е име со георгафска одредница, а не со временска. Разлики има во однос на промената на Уставот, што е поврзано со опсегот на употреба. Грчката страна има разбирање за нашиот идентитет, порача денеска премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ 24 вести.

– Јас сум првиот македонски премиер кој кажал дека за нас е прифатливо име со географска одредница и мислам дека тоа помогна во преговарачкиот процес. Грчката страна има разбирање за идентитетот и верувам дека ќе успееме – изјави премиерот.

Ќе се обидеме, рече Заев, спорот да го решиме сами, како што го постигнавме договорот со Бугарија, затоа што тоа е добро и за развој на билатералните односи со Грција, но и затоа што со тоа се дава можност Македонија да чекори напред, да добие членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, за подобар живот на граѓаните.

 

Тој повтори дека доколку се сретне со грчкиот колега Алексис Ципрас, веројатно тоа ќе значи дека е можно да се постигне компромисно решение кое ќе биде прифатено и од граѓаните во двете земји. Најави дека со него ќе се види на 17 и 18 мај на Самитот на ЕУ и Западен Балкан.

Заев истакна дека промената на името на аеродромот и автопатот биле гест на добра волја, но оти тргањето на споменикот Воин на коњ не е врзано со преговорите.

Доколку не се дојде до решение, потенцира Заев, Македонија ќе продолжи со реформи бидејќи тие се битни за граѓаните. Но, тој напоменува дека стратешките цели на Македонија остануваат ЕУ и НАТО, нешто, со што, како што истакна се согласува и опозицијата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com