MKDNews.com

Владата на Заев ја преживеа интерпелацијата

Владата на Заев ја преживеа интерпелацијата
април 12
07:53 2018

 62 гласа против и 40 за недоверба , пратениците го потврдија легитимитетот на Владата . Двајца пратеници гласаа воздржано.

Вкупно вечерва гласаа 104 пратеника веднаш по завршното обраќање на премиерот Зоран Заев, со што мнозинството пратеници му изгласаа доверба на неговиот кабинет.

Пред гласањето, на сите критики од опозицијата одговори премиерот Заев. Не предвидовме колку е здробена државата, финансиски урнисана и душмански ограбена, па затоа не успеавме да реализираме некои од предвидените проекти, рече премиерот Зоран Заев од собраниската говорница . Тој додаде дека власта останува и нема да се жали.

Завршните пораки од ВМРО-ДПМНЕ ги упати поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски. Тој се осврна и на преговорите за името со Грција.
„Скандал е кога во преговорите со Грција ќе се доведете во ситуација да се молите барем внатре да се нарекуваме Македонија. Скандал е ненајавено да ги качувате даноците и да ги земате парите на граѓаните и компаниите. Скандал е Шеќеринска кога дава наредба колку требало да нè осуди нас како политички противници, скандал е кога од говорницата на парламентот се врши јавен притисок“, рече Груевски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com