MKDNews.com

Според најновото откритие, најверојатно сме сами во вселената!?

Според најновото откритие, најверојатно сме сами во вселената!?
април 06
11:57 2018

Причина за тоа се резултатите од најновата научна студија, која покажала дека еден од елементите кој го има на нашата планета – фосфорот е многу редок во вселената.

Овој елемент игра клучна улога во складирањето енергија во ќелиите и нејзиниот трансфер, а исто така претставувал дел од хемискиот состав на ДНК-та.

Фосфорот настанува во текот на супернова –експлозија на масивна ѕвезда пред крајот на нејзиниот живот.

Сепак, најновите податоци укажуваат на тоа дека типичната супернова не гарантира дека ќе се создадат услови за создавање на фосфор.

Земјаните можеби имале многу среќа, со оглед на тоа дека нашата планета се наоѓа доволно блиску до “одговарачката“ супернова.

„Пренесувањето на фосфорот на новонастанатите планети често претставува неизвесен процес“ – изјави астрономот Џејн Гривс од Универзитетот во Кардиф.

„Сметаме дека само неколку минерали кои содржат фосфор, а кои доспеале на Земјата, веројатно преку метеорит, станале реактивни доволно за да учествуваат во создавањето на био-молекули“ – додала доктор Гривс.

Научниците до овој заклучок дошле набљудувајќи ги остатоците од две супернови – Касиопеја А (Cas A) и Месеа 1 (Crab nebula).

Научниот тим преку телескопот на Канарските острови барал траги од фосфор и железо на Месеа 1 – остаток од супернова од соѕвездитеот Бик, оддалечено 6.500 светлосни години.

Истражувачите во претходната студија барале траги од фосфор во Касиопеја А, остаток од супернова оддалечна 11.000 светлосни години од Земјата.

Со споредувањето на добиените резултати  од овие две студии, научниците сфатиле дека во Месеа 1 се наоѓа многу помалку фосфор отколку во Касиопеја А, што било изненадување.

Новите откритија се претставени на Европската недела на астрономија на конференцијата за Вселенска наука во Ливерпул.

Истражувачите ќе се обидат да утврдат дали и остатоците од другите супернови содржат помалку фосфор.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com