MKDNews.com

САД,Британија и Франција ноќеска извршија напад во Сирија (видео)

САД,Британија и Франција ноќеска извршија напад во Сирија (видео)
април 14
08:09 2018

Ноќеска сојузничките сили извршија серија воздушни напади врз воени објекти на неколку места во Сирија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето на нацијата рече дека се извршени напади со цел да се свргне режимот на Башар ал Асад.Акцијата , како што рече Трамп е спроведена како одговор на користењето хемиско оружје од страна на провладините сили на Асад.

Нападите ,кои почнаа ноќеска околу 3 часот, се извршени со авиони и од бродови , а се погодени неколку воени цели .
Меѓу нив нема погодени руски постројки, ниту е пукано во близина на нивните бази.Американскиот Сенат ваквиот напад го прогласи за нелегален , бидејќи не е одобрен од Конгресот.

На нациите им се обратија и премиерката Тереза Меј и претседателот Емануел Макрон со слични објаснувања за причините за нападот.

Официјална Русија се уште без одговор , кој би дошол од Кремљ. Жестоко реагираше амбасадорот во САД , Анатолиј Андонов , кој рече дека реакцијата доаѓа и покрај предупредувањето и оти реакцијата ќе биде соодветна. ,,Овие потези нема да поминат без последици “, рече амбасадорот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com