MKDNews.com

Полицијата си замина од местото каде беше удрено детето, немала услови за работа поради демонстрантите

Полицијата си замина од местото каде беше удрено детето, немала услови за работа поради демонстрантите
април 16
06:23 2018

Увидната полиција си замина од улицата „Борис Серафов“ каде вечерва 10-годишно дете беше прегазено во сообраќајна несреќа. Полицијата образложи дека нема услови за работа поради граѓаните кои демонстративно се собраа, бидејќи не е прв пат на оваа улица да се случуваат вакви несреќи.

Полицијата по увидот на местото, се упати кон Ургентниот центар каде е сместено момчето. Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крварење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П.

Претходно, полицијата обележуваше погрешна страна. Тие го означија правецот во кој би требало да движи возилото, меѓутоа, автомобилот се движел во спротивната насока кога удрил во детето, со цел да ги избегне дупките на патот.

Сообраќајната несреќа се случила кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар, потврди МВР.

„Макфакс“ дознава дека во автомобилот имало маж и жена, кои, според раскажуавањата на очевидците, го однеле детето во болница по несреќата.

Непосредно, по сообраќајната несреќа стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Бесни раскажуваат дека повеќепати барале да биде поставена светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од општината и градот.

„Овде се вози 200 на саат. Ако уште еднаш падне жртва ќе го запалиме цело Ѓорче“, раскажаа тие.

Очевидци   велат дека момчето минувало низ улицата на пешачки премин. Жителите на Ѓорче најавија нови протести за утре, во 18 часот.

Дете настрада во сообраќајка, ѓорчепетровци на протест

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар