MKDNews.com

Наип Реџепи од Куманово е убиениот во престрелката во Мала Речица

Наип Реџепи од Куманово е убиениот во престрелката во Мала Речица
април 06
11:49 2018

Наим Реџепи од кумановскиот огранок на ДУИ е убиен во синоќешната престрелка во тетовска мала речица меѓу две група на членови на албанската владејачка партија од Куманово.

Тој и други учесници во престрелка  не биле во партиското седиште, но биле присутни нивни познаници и приврзаници.

Неофицијално, причината за пресметката меѓу двете групи, од кои едната е блиска до поранешен пратеник и висок партиски функционер, а другата се поврзува со актуелен член на советот на општина Куманово, е изборот на нов претседател на партискиот огранок на ДУИ.

Тие важеле за најсериозен кандидати за лидери на партискиот огранок.

Официјално обвинителството соопшти дека причините за  престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување, соопшти обвинителството.

Во организирана акција на обвинителството и министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици – велат од обвинителството.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести