MKDNews.com

Дете настрада во сообраќајка, ѓорчепетровци на протест

Дете настрада во сообраќајка, ѓорчепетровци на протест
април 16
06:02 2018

Жителите на Ѓорче Петров, со своите автомобили ја блокираа улицата „Борис Серафов“.

Тие се собраа во знак на протест, по сообраќајната несреќа што се случи вечерва, а во која со автомобил беше прегазено 10-годишно момче, кое според раскажувањата на очевидците, ја минувало улицата на обележан пешачки премин.

Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П.

Собраните на протестот раскажаа дека оддамна барале да бидат поставени светлосна сигнализација и лежечки полицајци, но наишле на отпор од надлежните, иако не е прв пат да се случи сообраќајка во овој дел од градот.

Велат дека на улицата автомобилите возат 200 километри на час и стравуваат дека доколку не се презеде нешто, повторно би можело да дојде до ваква трагедија. Дел од жителите се заканија дека доколку службите не реагираат итно, тие се подготвени да прибегнат кон радикални мерки.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com