MKDNews.com

“Атомската русокоса“ го напушта Холивуд поради расизам?

“Атомската русокоса“ го напушта Холивуд поради расизам?
април 16
05:49 2018

Актерката Шарлиз Терон размислува за тоа да го напушти Холивуд.

Причината е безбедноста на нејзините три деца.

Популарната Јужноафриканка која има две посвоени црномурести деца, изјави дека животот во последните година дена од владеењето на Доналд Трамп и станал многу тежок.

„Расизмот е многу “пожив и поздрав“ отколку што луѓето можат и да замислат“ – изјавила “Атомската русокоса“ во интервју за магазинот „ЕЛ“.

„Тоа не смееме да го негираме. Мораме да бидеме јасни и гласни. Постојат места во оваа земја во кои, доколку би добила таму работа, тоа никако не би го прифатила. Постојат места во Америка во кои никогаш не би патувала со своите деца, и тоа е сериозен проблем“ – изјавила таа.

„Многу пати ќе ги погледнам своите деца и ќе си речам, доколку ова продолжи, можеби ќе морам да ја напуштам Америка. Последно нешто што сакам во животот е моите деца да се чувствуваат небезбедно“ – истакнала ТЕрон.

Првата година од владеењето на Доналд Трамп во САД, беше одбележана со засилување на десничарските движења во Америка и порастот на расизмот, пишува „Њузхаб“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com