MKDNews.com

Златна малина: „Имоџи“ најлош филм, Том Круз најлош актер

Златна малина: „Имоџи“ најлош филм, Том Круз најлош актер
март 04
21:11 2018

Том Круз ја освои “Златна малина” во категоријата “Најлош актер” за улогата во филмот “Мумија”, објавија организаторите.

“Имоџи филмот” победи во категориите за “Најлош филм” и “Најлошо сценарио”, а неговиот творец Ентони Леонидис ја освои и наградата за најлоша режија.

Тејлор Пери стана “Најлоша актерка” за Tyler Perry’s Boo 2! A Madea Halloween, 2017.

Ветераните Мел Гибсон и Ким Бесинџер беа прогласени за најлоши споредни актери за учеството во филмовите “Daddy’s home 2” и “Педесет нијанси потемно”.

Последниот филм исто така беше награден за најлошото продолжение.

Победниците на Златната Малина се традиционално најавени еден ден пред церемонијата на доделувањето на Оскарите.

Сатиричните награди беа создадени во 1980 година.

Најлошите филмови се избрани од околу 700 луѓе од 46 американски држави и 19 земји кои се членови на истата фондација.

Наградата може да ја добие било кој филм што излегол на американските и канадските екрани во текот на годината.

Статуата е пластична малина, покриена со златна боја од околу 5 долари.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар