MKDNews.com

Укинат изборот за Мис Венецуела поради сексуален скандал

Укинат изборот за Мис Венецуела поради сексуален скандал
март 23
07:00 2018

Втората најтрофејна земја во светот по бројот на победнички за избор на Мис , ја тресе скандал.

Укинат е изборот на Мис Венецуела поради обвинувања меѓу учесничките дека давале сексуални услуги на бизнисмени и на владини претставници за да добијат што повеќе поени . Поранешните учеснички на изборот за Мис на социјалните мрежи се обвинувале меѓу себе за врски со моќни луѓе во државата за да дојдат до титулата.

Инаку , во Венецуела изборот за најубава девојка е екстремно популарен. Постојат и училишта за девојчиња , каде од мали се обучуваат за кандидатки за избор на Мис.

Венецуела е втора по САД според бројот на девојки кои ги освоиле титулите Мис на светот и Мис Универзум .

Во државата каде има недостаток на храна и медицински материјали , поради санкциите од САД и од каде илјадници се отселија за да се спасат од сиромаштијата , процентуално најголем е бројот на вградени инпланти во гради и пластични операции за разубавување на лицето и телото.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести