MKDNews.com

Толку многу го зголемила задникот што сега не може ни да седне (видео)

Толку многу го зголемила задникот што сега не може ни да седне (видео)
март 13
22:56 2018

Стар Делгуидис (28) од Бирмингем минатиот декември направила операција за зголемување на задникот поради која заминала дури во Турција.

Единствено таму нашла хирург кој бил подготвен за 15.000 фунти, двојно да и го зголеми задникот.

Стар од својата 18 година редовно ги посетува естетските хирурзи и досега на 200 операции потрошила 230.000 фунти. Со сите била задоволно освен со последната, бидејќи како што изјавува не била свесна колкав ќе и биде задникот после операцијата.

Проблемот е што се потребни две години вградените импланти да се прилагодат, а дотогаш постои опасност тие да се распрснат.

„Цело време сум под стрес, одам и на психолог“ – изјавува Стар на која и е идол бујната риалити ѕвезда Ким Кардашијан.

Проблемите настануваат кога сака да седне, што го прави многу ретко, а изјавува дека задникот во бикини и изгледа “ненормално“.


Сепак, веќе има во план нови естетски зафати, па ќе ги доработува градите и ќе го зацврсти лицето, а од вградувањето на додатни силикони се откажала засекогаш.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести