MKDNews.com

Судска одлука : Бучни соседи да платат казна од 100 000 фунти , зашто немале тепих

Судска одлука : Бучни соседи да платат казна од 100 000 фунти , зашто немале тепих
март 06
06:53 2018

Бучните соседи ќе мора да платат отштета од над 100 000 фунти , зашто во нивниот стан во елитната населба Кенсингтон во Лондон , немало теписи.

Сара и Ахмед Ел Керами беа тужени од нивната сосетка , 38-годишната Сарваназ Фулади, која живее во луксузен стан од 2,6 милиони фунти на долниот кат . Таа се жали на бука од семејството Керами , кои удираат по дрвениот под без теписи .
Звукот на секојдневните  активности – од децата што си играат до миењето на  садовите и го уништиле мирот  во текот на денот и ноќта , рече сосетката во судот .
Судијата Николас Парфит пресуди дека бучните соседи во луксузната вила треба да стават  теписи на дрвените подови  , откако сосетката приложила снимки од сите звуци што 24 часа не и давале мир од 2010 година.

Како надоместок за претрпените маки судот одреди бучното семејство да плати казна од 107,397.37 фунти, што ќе се зголемува за  40 фунти на ден додека не бидат поставени теписите .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com