MKDNews.com

Смртна казна за убиецот од училиштето во Флорида

Смртна казна за убиецот од училиштето во Флорида
март 13
22:47 2018

Обвинителството во САД бара смртна казна за тинејџерот обвинет за убиството на 17 ученици и вработени во училиштето во Флорида.

19- годишниот Николас Круз призна дека го извршил нападот и е обвинет за 17 поединечни случаи на убиство со предумисла.
Нападот во училиштето во Флорида е најтрагичниот настан во убиствата во училишта од 2012 година. По овој напад во САД е обновена дебатата за засилени мерки против купување и поседување оружје.

Круз во полицијата призна дека пукал без особена цел низ училиштето , а откако завршил со масакрот , ја оставил автоматската пушка и избегал .

ФБИ потврди  дека лани добиле дојава за Круз и неговата желба да се одмазди во училиштето од каде бил избркан .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар