MKDNews.com

Почна со работа првиот робот што прави хамбургери (видео)

Почна со работа првиот робот што прави хамбургери (видео)
март 06
07:27 2018

Денеска е првиот работен ден на роботот што прави хамбургери .

Роботот наречен ,,Флипи”  почна со работа во фаст фуд ресторан во градот Пасадена во Калифорнија. Според конструкторите , роботот може да направи и до 400 сендвичи на час. Роботот прави перфектно исти сендвичи , тврдат од Мисо Тоботикс , од каде минатата година ја завршија изработката на роботот и продолжија на неговото усовршување.

Сепак , ,,Флипи “ не може сам да работи . Пред да почне да ги пече хамбургерите , потребно е човек да му ги нареди на скарата .

Потоа роботот со помош на сензори за топлина и камери , како и кинетички сензори , ги превртува бургерите и ги тргнува од скарата .

Откако ќе ги испече , човек ги реди бургерите на леб и им става додатоци .

Визија на научниците е во кујните во светот да работат роботи заедно со луѓе.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести