MKDNews.com

Оваа пролет носиме чевли со ниска и широка потпетица

Оваа пролет носиме чевли со ниска и широка потпетица
март 31
08:44 2018

Голем број жени има проблем при одбирањето на идеални обувки, особено за оваа преодна сезона. Некои не ги сакаат балетанките бидејќи се премногу ниски, а други не преферираат исклучително високи, бидејќи не секогаш се удобни, а и не се добар избор ако имате проблеми со грбот.

Но, имаме добра вест, оваа пролет ќе се носат чевли со ниска и широка потпетица, што е идеален избор за деловни или секојдневни комбинации.

Од 3-4 сантиметри па максимум до седум, во вакви чевли ќе ви биде удобно, а воедно ќе изгледате и дотерано.

Што се однесува до моделите, ограничувања речиси и да не постојат. Можат да бидат со ремчиња или без, на шнирање, со гола пета, во пастелни или интензивни нијанси, сè во зависност од тоа како планирате да ги имплементирате во комбинациите.

Ако сте во потрага по пролетни чевли, тогаш еве предлог што да побарате низ нашите продавници:

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар