MKDNews.com

Нов клинички центар во Бардовци

Нов клинички центар во Бардовци
март 10
07:11 2018

Владата одлучи. Клинички центар ќе се дислоцира – новиот објект ќе се гради населбата Бардовци, во близина на психијатриската болница. Неколку локации во Бардовци се во игра. Изградбата треба да почне за година и пол, а да заврши за 4-5 години. Одлуката била донесена по консултација со лекарите, архитектите и граѓаните.

„Сосема доволно место за еден голем и модерен клинички центар, сосема доволно место за интегрирани услуги  за модерен објект кој може да дозволи нов тип на услуги, формирање на хибридни операциони сали“, вели  Венко Филипче – Министер за здравство

Новиот Клинички центар ќе се гради на површина од 84 хектари и во него покрај големиот објект со сите клиники, предвидено е и Медицински факултет и кампус за студентите на медицина, како и истражувачки центар. Колку пари сега дополнително ќе чини овој проект, заради пеналите што ќе се плаќаат, но и за новиот тендер засега без прецизна пресметка.

„Мислам дека има простор да разговараме и преговараме со менаџментот на банката на Централна Европа, но јас сум убеден дека дури и да ги платиме пеналите ова ќе биде најдоброто и најевтиното решение“, вели Венко Филипче – Министер за здравство

Дел од земјиштето во Бардовци каде ќе се гради клинички е државмо, а дел е приватно земјиште. Но, градоначалникот на Карпош тврди дека тоа нема да биде пречка, бидејќи според генералниот урбанистички план донесен во 2010 година, кој важи до 2020-та и намената на таа област е за здравство.

„Некои од сопствениците на земјиште ида сака да прави станбен објект или индивидуална куќа не може да го направи, бидејќи генералниот УП  веќе  предвидува намена – здравство и јас верувам дека приватните сопственици на земјиште ќе бидат задоволни“, вели Стефан Богоев – Градоначалник на Општина Карпош

Сепак, општината не открива, во чија сопственост се приватните парцели на кои ќе се гради објектот, ниту колку ќе чини експропријацијата на земјиште.

„Пристап до броевите на парцели и имотни листови има Агенцијата за Катастар, како и кои се сопствениците. Најверојатно, преку барање за пристап до информации од јавен карактер ќе може да ги добиете“  – Општина Карпош

Дополнително, од општина Карпош велат дека за прашањето колку пари ќе им се плати на сопствениците на парцелите на кои ќе се гради објектот, одговори да бараме во Министерсвото за финансии.

Според, првичните информации клиничкиот центар на старата локација требаше да чини околу 420 милиони евра, но сега нема прецизна информација, за колку пари ќе поскапи целиот проект со смената на локацијата.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести