MKDNews.com

Консултантите кои му помагале на Трамп фатени со скриена камера (видео)

Консултантите кои му помагале на Трамп фатени со скриена камера (видео)
март 20
07:36 2018

Истрагата што ја спровела британската телевизија Канал 4 , открива како компанијата Кембриџ аналитика , влијаела врз изборните резултати низ целиот свет.

Шефовите на оваа компанија се снимени како раскажуваат дека користеле мито , поранешни шпиони , лажни документи и проститутки од Украина. Компанијата која себеси си ја припишува победата на Трамп , според еден од директорите , Александер Никс, се служела со секакви трикови за да ги стави политичарите во непријатна состојба и да делува за победа на своите клиенти .

Никс раскажува како на еден противкандидат во неговата куќа му донеле убави девојки од Украина и дека таа работа многу добро функционира.

Во друг случај нуделе огромни износи пари , а потоа целиот разговор го снимале и со тоа го уценувале противкандидатот , објавувајќи ја снимката на интернет . Кембриџ аналитикс е компанија која делува во Британија , а регистрирана е во САД.
Подмитувањето и уцената и во двете земји е кривично дело. Директорот Никс , заедно со уште други двајца директори им раскажале на новинарите дека нивната компанија работела на над 200 избори ширум светот како оние во Нигерија , Кенија , Чешка и Аргентина .

Исто така биле вклучени и во кампањата за Брегзит. Откако телевизијата Канал4  ја објави сторијата со снимките на директорите , се огласија од Кембриџ аналитикс од каде демантираат дека користеле мито , уцени или проститутки на било кој начин .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар