MKDNews.com

Има нозе долги 101 сантиметар: Каде и да се појави, сите гледаат во нив (фото)

Има нозе долги 101 сантиметар: Каде и да се појави, сите гледаат во нив (фото)
март 15
22:44 2018

Швеѓанката Ула Остерген може да се пофали со нозе долги 101,6 сантиметри, успешна кариера како модел и билдер.

Благодарејќи на својот несекојдневен изглед се стекна со голем број на следбеници на Инстаграм.

Манекенката и бодибилдерката Ула Остерген на своите профили на социјалните мреи открива ретки детали од својот живот, а најмногу за тренингот и скапите вечерни излегувања.

Во фокусот се нејзините предолги нозе, на кои многу дами и завидуваат, но и перфектно извајаното тело, поради кое од мажите добива најубави комплименти.

iostergren• 5’10” / 178cm – different proportions 👌🏽😍 ________________________________________

Сепак, иако претставува поим за совршен изглед, Ула Остерген во разговор за „Спутник“ изјави дека нејзиниот живот е многу променет, бидејќи во детството проживувала малтретирање од врсниците кои го исмевале нејзиниот изглед.

Во 2013 година почнала редовно да се занимава со спорт, па нејзиното тело добило одличен изглед. Токму на тренинзите го запознала нејзиниот сегашен сопруг Торбјорн Остерген, со кој денеска има две деца.

Тие двајцата заедно одат на тренинзи и многу внимаваат на начинот на исхрана. Како што изјавува, секој ден мора да изеде 2.2 килограми месо, за да ја задржи својата мускулна маса.

„Имаш само еден живот. Сакаш да го поминеш извинувајќи се поради себе? Жалејќи? Мрзејќи? Биди храбра, верувај во себе. Имаш само еден живот и уживај во него“ – гласи нејзиниот заклучок.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар