Еди Рама го опоменува Иванов: Без Албанците нема Македонија

март 17
15:22
2018
Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше на изјавите на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, дека нема да го потпише Законот за јазици, пренесува порталот на албански јазик Журнал.мк.
Порталот пишува дека премиерот на Албанија, Еди Рама го потсетува Иванов дека албанскиот јазик не е јазикот на непријателот, туку на Албанците кои се државотворни во Македонија.
-Г-дин Иванов, албанскиот јазик не е на непријателот туку на еден државотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател, завршува Рама.
Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?
Напишете Коментар