MKDNews.com

Ѕанакопулос: Сложено име за севкупна употреба и промена на Уставот

Ѕанакопулос: Сложено име за севкупна употреба и промена на Уставот
март 15
22:13 2018

Посетата на Коѕијас на Скопје во сенка на вчерашните случувања во македонското собрание. Сепак, од Атина стигнуваат оптимистички тонови, но и пораки дека нема да отстапи од своите позиции.

Чекориме по позитивен пат, а преговорите за името продолжуваат со несмален интензитет, портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос го враќа оптимизмот во пресрет на посетата на Коѕијас на Скопје следната недела. Сепак, тој не пропушти да ги повтори веќе познатите позиции на Атина – сложено име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.

-Уставната ревизија ќе се однесува и на името, но веројатно и на иредентистичките позиции што се вклучени во Уставот на соседот. Но, ова се прашања што ќе се решат за време на преговорите, преговори кои јасно е дека ќе завршат со еден Меѓународен договор, бидејќи говориме за договор меѓу две независни држави, изјави Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката Влада.

Тој не го откри конкретниот датум кога Коѕијас ќе допатува во Скопје, иако грчките медиуми веќе објавија дека тој најверојатно следниот четврток ќе слета на преименуваниот аеродром. Она што е познато е дека тој ќе ја донесе нацрт-спогодбата, според најавите,  напишана на 20 страници и со седум точки, во кои се содржани и прашањата за идентитетот, јазикот и националноста. Грчки Катимерини сепак не пропушти да оцени дека неговата посета се случува во период на зголемени политички тензии по вчерашните случувања во Собранието и донесувањето на Законот за јазиците.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести