MKDNews.com

Диетата на Бијонсе со која се слабее за само 22 дена

Диетата на Бијонсе со која се слабее за само 22 дена
март 10
07:24 2018

Бијонсе секогаш изгледа извонредно, но за да биде тоа така таа сѐ прави по план. Искрено, диетата која ја држи за да ослаби за 22 дена може да ја издржи само она. За оваа диета таа вели дека ѝ помага повеќе од сите останати, а сега може да дознаете што сѐ таа содржи.

Диетата трае 22 дена, но според тоа што Бијонсе го објави на својот профил на Инстаграм дознавме дека таа ќе ја дуплира, односно ќе се води според тој режим на исхрана 44 дена! Под фотографијата која ја објави напиша „44 дена до Коачела“. Нормално е дека познатата пејачка мора да изгледа неверојатно на настапот на фестивалот Коачела и секако за да го постигне тоа ќе ја држи диетата која ја откри во 2013 и која ја воодушеви.

22 дена во вашата исхрана треба да вклучите 100% оргнаска храна, без глутен, соја и ГМО додатоци. Исто така, не смеете да јадете смрзнати намирници, освен овошје. За појадок се јадат чиа семе, бадемово млеко, житарици, свежо овошје. За ручек варен зеленчук, а најголем избор на масти и протеини се грав и авокадо. Повремено смеете да уживате во специјални чоколатца наменети за оваа диета. Бијонсе со фотографијата која ја сподели ве повикува да започнете и вие со диетата, но откако ќе прочитате неколку денови од оваа ригорозна диета известете нѐ дали би прифатиле.

Ден 1

Појадок: пудинг од чиа семе со вкус на ванила и една чаша боровница

Ручек: Црвена зелка со сусам и еден поголем компир исечкан на коцки

Ужина: 1/4 чаша хумус со свеж зеленчук по избор

Вечера: црн грав и киноа салата со кумин дресинг

Десерт: темна чоколада

Ден 14

Појадок: банана и каша со бадемово млеко

Ручек: густа супа од авокадо и морков и зачинета тајландска салата (мешавина од кељ, зелена салата, зелена и црвена зелка и понекогаш манго)

Ужина: сиров зеленчук со хумус од сладок компир

Вечера: салата од кафеав ориз и леќа, со свежа салата и прелив по желба

Десерт: два макаронси со вкус на ванила

Ден 22

Појадок: смути од една смрзната банана, пола лажичка смрзнато манго, една лажичка варен спанаќ со една лажичка вода од кокос и пола авокадо

Ручек: енчилада од киноа и салата по желба

Ужина: чоколатце од житарици

Вечера: салата од рукола, семки од тиква, гоџи бобинки и карфиол

Десерт: 2 сирови вегански макаронси од ванила

Целата диета можете да ја погледнете ТУКА.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com