MKDNews.com

Демонстрации на македонските иселеници во САД, Австралија и Европа – Во Мелбурн запалена слика на Заев

Демонстрации на македонските иселеници во САД, Австралија и Европа – Во Мелбурн запалена слика на Заев
март 04
20:57 2018

Во повеќе од 15 градови низ светот, како и во Скопје денес се одржаа низа на семакедонски протести на кои главното барање беше напуштање на преговорите за името, како и повлекување на законот за двојазичност, договорот со Бугарија и ослободување на патриотите кои според демонстрантите се неправедно и политички мотивирани притворени…

 

Почнувајќи од Сиднеј, преку Перт, Мелбурн и Бризбејн до Вашингтон и Лондон, дијаспората побара итна оставка на Зоран Заев како предводник на преговорите за името, а во Австралија дијаспората ги прогласи за непожелни личности Заев, Шеќеринска и Димитров.

Таму, дури ја запалија и неговата фотографија.

На протестот на иселениците во Австралија за зачувување на уставното име, неколкумина од оние кои излегле на протест запалија слика од премиерот Зоран Заев.

Фотографија на Заев на која пишува „Предавник“ и „Зло“ беше искината и изгазена од демонстрантите во холандски Хаг денес, откако дијаспората со истите барања излезе на протест.

Во Скопје денес се собраа преку 35.000 граѓани во одбрана на Уставното име.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com