MKDNews.com

Заев: Подготвени сме за географска одредница

Заев: Подготвени сме за географска одредница
февруари 06
19:36 2018

Подготвени сме за географска одредница, изјави попладнево премиерот Заев, како одговор на прозивката на грчкиот министер за надворешни Коѕијас, кој побара Скопје да се изјасни каква придавка пред сложеното име сака.

Согласно решителноста на владата да не излегува со детали, кои би му наштетиле на преговарачкиот процес, Заев само посочи дека владата е подготвена на суштински чекори, кои ќе доведат до решавање на овој чувствителен проблем во интерес на двете земји.
Во интервјуто за „Јуроњуз“, Коѕијас вчера посочи дека Атина го подготвува теренот за грчката јавност, но од македонска страна остуствувала таквата подготовка.   Коѕијас в меѓу другото потенцира и дека преговорите треба да се водат врз основа на договорот од Давос меѓу премиерите Заев и Ципрас, без да наведе повеќе детали.
– Грчката влада презеде одговорност да каже јавно дека сака промена на името и дека ова име ќе биде сложено за сите употреби со конкретна одредница и излеговме јавно и кажавме дека во ова име ќе биде вклучен и терминот „Македонија“. Во Давос се договоривме една работа: дека ќе постои спогодба која по предлог на двајцата премиери ќе ја прави нашата страна, под моја одговорност. Се чини дека некои во Скопје, на пониска функција од премиерот, одново размислија и овие размислувања, господинот Нимиц сметаше дека се важни. И требаше да го потсетам дека она за што се согласија двајцата премиери важи за сите, вели Никос Коѕијас, министер за надворешни работи
Коѕијас во интервјуто повторно начна нови дилеми. Прашан кој е ставот на Атина во однос на одредницата и сложеното име, тој објаснува дека преферира придавки што имаат словенска нијанса во нивната фонетика, без да посочи – дали мисли на содржината на придавката или на јазикот на кој би била напишана.
Подготвени сме за географска одредница, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање откако денеска министерот за надворшени работи на Грција, Никос Коѕијас побара Скопје да се изјасни какво име сака.
– Да дадеме шанса низ преговорите да дојдеме до решение. Сакам процесот да успее. Сме фокусирани на суштествени чекори кои ќе доведат до решавање на овој чувствителен проблем во интерес на двете земји – рече Заев кој не сакаше подетално да коментира.
За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде целосно информирана, одговараат од македонската влада на прозивката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој во интервју за „Јуроњуз“ го повика Скопје јавно да се изјасни која ќе биде придавката во сложеното име и тоа да им го објасни на граѓаните. Коѕијас во интервјуто меѓу другото потенцира и дека преговорите треба да се водат врз основа на договорот од Давос меѓу премиерите Заев и Ципрас, без да наведе детели. Од македонската влада попладнево соопштуваат дека изнаоѓањето взаемно  прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес за решение, кое како што се наведува, ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави.
-На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, за прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, се вели во соопштението на Владата на Р.Македонија.
Во интервјуто за „Јуроњуз“, Коѕијас вчера посочи дека Атина го подготвува теренот за грчката јавност, но од македонска страна остуствувала таквата подготовка.   Коѕијас в меѓу другото потенцира и дека преговорите треба да се водат врз основа на договорот од Давос меѓу премиерите Заев и Ципрас, без да наведе повеќе детали.
– Грчката влада презеде одговорност да каже јавно дека сака промена на името и дека ова име ќе биде сложено за сите употреби со конкретна одредница и излеговме јавно и кажавме дека во ова име ќе биде вклучен и терминот „Македонија“. Во Давос се договоривме една работа: дека ќе постои спогодба која по предлог на двајцата премиери ќе ја прави нашата страна, под моја одговорност. Се чини дека некои во Скопје, на пониска функција од премиерот, одново размислија и овие размислувања, господинот Нимиц сметаше дека се важни. И требаше да го потсетам дека она за што се согласија двајцата премиери важи за сите, вели Никос Коѕијас, министер за надворешни работи
Коѕијас во интервјуто повторно начна нови дилеми. Прашан кој е ставот на Атина во однос на одредницата и сложеното име, тој објаснува дека преферира придавки што имаат словенска нијанса во нивната фонетика, без да посочи – дали мисли на содржината на придавката или на јазикот на кој би била напишана. Интензивните пораки во однос на спорот за името од Атина,  ја заокружи и портпаролот на грчката влада Ѕанакопулос, кој испрати умерени тонови. Коментијаќи ги слоганите Македонија е грчка изречени на протестите во Грција, тој посочи дека никој, па ни Грција, нема ексклузивитет на името Македонија и дека географската област им припаѓа на неколку различни држави.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар